Home ЗАБАВА Занимливости Британците не го сакаат МекДоналдс на Олимписките игри

Британците не го сакаат МекДоналдс на Олимписките игри

SHARE

Еден од главните спонзори на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Лондон е синџирот на ресторани МекДоналдс.

Британските доктори и здравствени работници не сакаат ресторан кој произведува според нив нездрава храна, да биде главен покровител на игри кои би трабало да го слават здравиот дух и тело.

– Тажно е што манифестација која е поврзана со најдобрите светски спортисти ја спонзорира компанија која е симбол на нездрави навики – порачал претставникот на Академијата на медицински факултети во Англија.

Според нив, организаторите на Олимписките игри би требало се повеќе да се ангажираат околу забраната за рекламирање на останатите „нездрави“ брендови како што се Хајнекен и Кока Кола, бидејќи токму тие им прикажуваат на младите искривена слика на здравиот начин на живот.

Организацискиот одбор на Олимписките игри не помислува да се откаже од МекДоналдс како покровител.

– Без партнери како МекДоналдс, Олимписките игри не би можеле да се одржат! Нагласуваме, нивните производи не се синоним за нездрава исхрана – истакнуваат организаторите бранејќи го својот спонзор.

РЕКЛАМИ:
Loading...