Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Брус Вилис на ќерката и менува пелени за седум секунди

Брус Вилис на ќерката и менува пелени за седум секунди

SHARE

Актерот Брус Вилис (57) се пофали дека мисли дека го држи рекордот во менување пелени на ќерката  Мејбл Реј затоа што е најбрз во домот.

Глумењето веќе не му е приоритет затоа што сега сака да им се посвети на децата.

Тој се пофали дека е многу брз и искусен кога е во прашање менување пелени на неговата 10-месечна ќерка Мејбл Реј која ја доби во брак со манекенката Ема Хеминг (34).

– На ќерката и менувам пелени за помалку од десет секунди, а рекордот ми е седум секунди, изјави Брус Вилис и додаде дека мисли дека го држи рекордот затоа што е најбрз во куќата.

Таткото на ќерката Румер (24), Скаут (21) и Талиа (19) кои ги има од 13-годишниот брак со Деми Мур додаде дека сега во целост ужива во улогата на татко затоа што повеќе не го спречуваат работните обврски.

– Глумењето не ми е приоритет, сега сакам да се посветам на моите деца, уживам со нив и прифаќам само улоги кои многу ми се допаѓаат, заклучи Вилис и додаде дека времето поминато со децата не може да се спореди со глумењето.

РЕКЛАМИ:
Loading...