Home СПОРТ Останато Брус Вилис прекина натпревар на Ѓоковиќ и Сампрас (видео)

Брус Вилис прекина натпревар на Ѓоковиќ и Сампрас (видео)

SHARE

Познатиот холивудски актер Брус Вилис искористи момент кога снема струја при еден тениски натпревар за да им пријде на двајцата тениски асови Новак Ѓоковиќ и Пит Сампрас за да се поздрави со нив.

Тој влезе на тенискиот терен за време на егзибицискиот натпревар во двојки меѓу Новак Ѓоковиќ и Пит Сампрас против браќата Боб и Мајк Брајан.

Актерот, познат по улогите во серијалот „Умри машки“, предизвика одушевување кај присутните во „Pauley Pavilion“ на Универзитетот „UCLA“ во САД кога влезе во теренот за да им оддаде почит на тенисерите.

Интересно, но Вилис влезе на теренот само неколку моменти откако случајно или намерно снема струја, па многумина се шегуваа дека актерот влегол на теренот за да ги заштите двајцата „немоќни“ тенисери.

РЕКЛАМИ:
Loading...