Home ЗАБАВА Занимливости Брзото одење ја намалува депресијата

Брзото одење ја намалува депресијата

SHARE

Едноставната физичка активност како што е брзото одење може да биде важно средство во борбата против депресијата, покажува новото шкотско истражување.

Од порано е познато дека интензивното вежбање ги ублажува симптомите на депресија, но не беше јасно дали имаат сличен ефект и помалку интензивните вежби.

Група шкотски научници ги обработи податоците од осум претходно направени истражувања и заклучи дека одењето брзо има ист ефект против депресијата како и интензивните физички активности.

[pullquote_right]Според новото истражување, одењето има силно влијание врз депресијата[/pullquote_right]

Сеуште не е јасен механизмот кој функционира кај секој облик на вежбање, односно физичка активност која ги ублажува симптомите на депресија, од која пати една од десет личности.

Во претходните истражувања утврдено е дека брзото одење кое се практикува секојдневно, или како рекреација, може да биде еден од факторите кој допринесува за здрав и долг живот.

РЕКЛАМИ:
Loading...