Home ШОУ БИЗз Трач Чарли Шин повторно демолирал хотелска соба?

Чарли Шин повторно демолирал хотелска соба?

Американските медиуми пишуваат дека минатиот викенд оргијал во хотелска соба со неколку „изнајмени дами“, но неговиот портпарол ова го демантира.

Еве што се случило според американските медиуми. Чарли Шин со неговата поранешна сопруга Денис Ричардс и нивните две деца престојувале во хотелот „Ritz“, а кога паднала ноќта во неговата соба пристигнале и „кралиците на ноќта“.

После неколку часа, обезбедувањето на хотелот, наводно, го замолил Чарли да го напуштил хотелот затоа што создавал бука и поради нередот кој го направил. Покрај тоа, на Чарли од сега му е забранет влез во било кој хотел „Ritz“ во светот.

Меѓутоа, неговиот портпарол вели дека сето ова е лага и дека е точен само податокот дека Чарли одмарал со поранешната сопруга и нивните деца во споменатиот хотел, но дека не оргијал.

Инаку, лудилото на Шин започна во октомври 2010 година кога полицијата го пронајде гол во демолирана хотелска соба. После тоа следуваа серија скандали, а во меѓувреме актерот стана еден од најголемите скандал мајстори во Холивуд.