Home КУЛТУРА Кино Цензурирани голите 3D гради на Кејт Винслент во Титаник

Цензурирани голите 3D гради на Кејт Винслент во Титаник

SHARE

Кинеската публика која сакала да ужива во тродимензионалната верзија на „Титаник“ на Џејмс Камерун, многу брзо сфатиле дека не ја добиваат целата слика.

Филмските цензуристи заклучиле дека сцената во која актерката Кејт Винслент му позира на Леонардо ДиКаприо е проблематична, па во новата, кинеска верзија, ѕвездата на „Титаник“се гледа само од вратот нагоре.

Сепак, голите гради на Кејт Винслент воопшто не биле проблем, туку фактот дека сега се тродимензионални.

„Земајќи ја во предвид зивописноста на 3D ефекти, се уплашивме дека некои гледачи би можеле да посегнат со раката, да ги допрат и да им пречат на другите во гледањето на филмот. Затоа одлучувме да ги исечеме голите сцени“, наведено е во соопштението на кинеската Државна администрација за радио, филм и телевизија.

Оваа одлука не наиде на добар прием кај публиката.

„Чекав скоро 15 година, и тоа не поради 3D ледените брегови“, напишал еден корисник на интернет.

РЕКЛАМИ:
Loading...