Home СПОРТ Фудбал Чедомир Јаневски: Не се пропушта ваква шанса

Чедомир Јаневски: Не се пропушта ваква шанса

SHARE

Дека големата играчка кариера не мора да значи дека и тренерската ќе биде еднакво успешна одамна е позната, но за белгиските медиуми неверојатно звучи одлуката на управата на Монс која наместо Енцо Шифо, легендата на белгискиот клуб, водењето на клубот му го довери на „еден” Чедомир Јаневски.

Но, токму тоа се случи во белгискиот клуб Монс, за когошто Јаневски одлучи да ја прекине и соработката со Фудбалскиот сојуз на нашава земја и замина во Про лигата.

– Живеев во Белгија од 1989-та до 1995-та година, моите синови овде се родени, и понатаму имам куќа во Бриж. Отсекогаш сакав да се вратам во Белгија и што ми се укажа една ваква шанса, ја зграбив истата – изјави сега веќе поранешниот селектор на нашата фудбалска репрезентација, кој се уште не започнал со официјалното водење на клуб, па поразот од Бриж (екипата ја водеше помошникот Герт Брекер) го следеше од трибините.

Монс, инаку, е без тренер од 23-ти септември кога Шифо заработи отказ. И тука нема ништо нелогично со оглед на тоа дека екипата под неговото водство во првите осум кола од шампионатот во Белгија освои само два бодови и се наоѓа на дното на табелата. По поразот од Бриж сега Монс е зациментиран на дното.

Како и да е, ние останавме без селектор за двете последни квалификациски натпревари за Светското првенство. За последните две пресметки против Велс и Србија, најверојатно на клупата на нашата А селекција ќе седи или досегашниот помошник на Јаневски, Неџат Шабани, или селекторот на младинската репрезентација Бобан Бабунски.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...