Home СПОРТ Ракомет Червар: „Не е точно дека ќе си заминам од Металург“

Червар: „Не е точно дека ќе си заминам од Металург“

SHARE

Во текот на вчерашниот ден се појави информација во хрватските, а потоа македонските медиуми за наводното заминување на тренерот на Лино Червар од клупата на Металург и негово враќање во Хрватска.

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ се појави со напис во кој вели дека Лино Червар го напушта Металург по крајот на сезоната и се враќа во својата родна земја.

Овој текст предизвика огромна бура на реакции кај нашата спортска јавност, а за среќа на големиот број фанови на „металургзите“, Лино Червар ги демантираше овие гласини.

„Се работи за обична шпекулација, изјава која е целосно извадена од контекст. Нормално и природно е јас, како роден Хрват, да чуствувам носталгија кон својата татковина, но најавите околу моето заминување од клупата на Металург се апсолутно неточни. Јас сум среќен овде и веќе го планирам тимот за следната сезона“, изјави стратегот на Металург Лино Червар.

Повеќе спорт на sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...