Четири дена фудбал во Примера

    SHARE

    Натпреварите од 15.коло на Примера дивизија ќе се одиграат во четири денови, почнувајќи од вечерва па се до понеделник.

    Први на теренот ќе истрчаат екипите на Еспањол и на Севиља. Почетокот на дуелот е во 21 часот и 30 минути.

    Утре и в недела се играат по четири натпревари, а двојките се: Реал Сосиедад – Хетафе, Малага – Гранада, Ваљадолид – Реал Мадрид, Осасуна – Валенсија (утре), Леванте – Мајорка, Атлетик Билбао – Селта, Атлетико Мадрид – Депортиво и Бетис – Барселона (недела).

    Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Рајо Ваљекано – Сарагоса.

    Табела: Барселона 40 бодови, Атлетико Мадрид 34, Реал Мадрид 29, Бетис 25, Малага 22, Хетафе 22,…

    РЕКЛАМИ:
    Loading...