Home КУЛТУРА Кино Четири современи јапонски филма во Кинотеката на Македонија

Четири современи јапонски филма во Кинотеката на Македонија

SHARE

Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Јапонската фондација, од денеска до 28 ноември ќе организира Недела на современ јапонски филм.

Во четирите дена со почеток од 20 часот ќе бидат прикажани четири филма жанровски разновидни и снимени во 2013 и 2014 година, а фокусирани на заедничка тема – „Динамична Јапонија“.

Циклусот вечер ќе почне со комедијата „Кралот на извинувањето“ која раскажува за професионален инструктор за извинување, а во наредните ќе бидат прикажани: акцискиот филм „Опасни женски“ – за ученички од средно училиште кои се борат со криминалци, филмот со борачки вештини „Танчарот карате кид“ кој раскажува за атракцијата Ријуку-карате во регионот Окинава, а на 28 ноември – документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“ посветен на животот на еден од најголемите јапонски кабуки актери кој почина во 2012 година.