Home LIFE STYLE Дадаристика ДАДАРИСТИКА – Некои скоцкани со стил, други тотално демоде. Дадар коментира за...

ДАДАРИСТИКА – Некои скоцкани со стил, други тотално демоде. Дадар коментира за гостите на годинешнава Златна Бубамара

SHARE

Од денеска на ХИТ ПОРТАЛ – Дадаристика нова рубрика за сите наши редовни посетители.

Секоја недела во оваа подкатегорија редовно ќе можете да ги читате коментарите за најдобрите и најлошите стајлинзи на нашите и светските ѕвезди како и советите на Дадар поврзани со шминката и фризурата на јавните личности.

Исто така доколку бидете од оние кои ќе се вклучат со свои коментари, Мое Студио – Дадар ви подготвува многу интересни подароци и изненадувања.

За почеток, Дадар го оцени стајлингот на некои од нашите популарни ѕвезди кои беа дел од Златната Буба Мара која се одржа минатата недела.

Еве го неговото мислење за стајлингот на Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Викторија Лоба, Кили, Сашко Коцев….

[box_info]Користете ги стрелките за промена на фотографија и коментар.[/box_info]

[slider][pane]

Адријана Јаневска

Андријана има спектакуларен глас, но кога ја гледам не можам, а да не помислам дека сме во некое друго време. Фризурата е тотално демоде, а фустанот нејасен. Жалам што една толку убава и талентирана дама никако не и успева да се нашминка соодветно за нејзиниот лик и тоа убаво да го усогласи со фризура и облека.

[/pane][pane]

Игор Џамбазов

Нежна розе кошула за овој нежен џин. Мајсторски и во негов стил.

[/pane][pane]

Кили

Кили за градоначалник! Уживав во неговиот аутфит. Човекот си има изградено соодветен имиџ на својот дух и шарм.

[/pane][pane]

Сашко Коцев

Префинет, со стил, елегантен во идејата на Бицијани. Помалку се чувствува уштиркано затоа што тоа не е негов стил, но тоа е тотално неважно со оглед на неговиот талент.

[/pane][pane]

Калиопи 

Калиопи ја познавам како подраматично средена дива, иако морам да признаам дека класично-бизнис стилот преубаво и стои, посебно со фактот дека е ослабена.

[/pane][pane]

Групата Фрајле

Девојките ме изненадија со својот глас, а богами и стас. Освен што врвно пејат, исто така знаат и да се стилизираат. Шминка, облека и фризура комплетни. Браво.

[/pane][pane]

Викторија Лоба

Лоба е се поубава и поубава. Во овој случај диско фустанот ми се допаѓа, но сметам дека не одговара на нејзиното тело. Фризурата би требало да биде поедноставна и посмирена за волку светликав стајлинг. Шминката треба да биде во посмирени тонови. Целта на шминката е да ја истакне нејзината убавина, а не да ја маскира.

[/pane][/slider]