Популарниот музичар Мајкл Бубле стана родител по четврти пат.
„Од љубовта доаѓа живот, светлина и таа… нашето бебе Сиело Јоли Роуз Бубле. Конечно пристигна во нашите животи со твоите 3,8 килограми, му благодариме на бога за овој бесконечен благослов, те сакаме. Ное, Елијас, Вида и твоите мама и тато!“. – напишаа среќните родители на Инстаграм.
Името на девојченцето Сиело (односно Чиело) носи голема симболика – во превод на македонски тоа би значело небо, односно дар од небото, од бога.
Бубле е во брак со актерката Луисана Лопилато, која е позната како Миа Колучи од аргентинска хит-серија.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------