Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Дарко Илиевски плати 1.100 денари за да си оди дома

Дарко Илиевски плати 1.100 денари за да си оди дома

SHARE

Нов автомобил, но и нови проблеми!

Популарниот пејач Дарко Илиевски пред малку го олесни новчаникот за 1.100 денари, откако не ги испочитува правилата за зонско паркирање во центарот на Скопје.

Имено, додека Дарко беше на снимање интервју за ТВ-магазинот „Екстра Ексклузив“ заборави да испрати „СМС“ порака и со тоа регуларно да го пријави паркирањето.

Вработените на паркингот, почитувајќи ги правилата, реагираа веднаш и блокаторот си го зазеде своето место на едно од тркалата на новиот автомобил на пејачот.

Глобата во износ од 1.100 денари мораше да ја плати на самото место, доколку сакаше да си отиде дома.

Не помогнаа напорите – блокаторот да биде отстранет и по 5-минутното објаснување со вработените во паркинг-службата кои го препознаа нашиот млад и успешен пејач, па така тој мораше да попушти и да го отвори ќесето.

Патувањето може да продолжи, а лекцијата за почитување за зонско паркирање, Даре призна дека веќе ја научил.

РЕКЛАМИ:
Loading...