Home LIFE STYLE Љубов и секс Датуми кои мажите сигурно нема да ги запаметат

Датуми кои мажите сигурно нема да ги запаметат

SHARE

Суровата вистина е дека мажите пред се ќе го запаметат резултатот на некој натпревар отколку годишнината од брак.

Неодамна биле испитани 1.230 мажи во врска со важните датуми за кои можат да се сетат, а резулатите биле повеќе од разочарувачки.

12% од мажите не знаат која е роденденот на нивните родители, а 6% од нив не знаат кога се родендените на нивните партнерки.

[pullquote_left]Годишнините се покажале како датуми кои најтешко ги помнат: 41% од мажите се изјасниле дека причината е поради тоа што ништо не запишуваат, додека 11% од нив се потпираат на помнењето на нивните партнерки затоа што знаат дека на време ќе ги потсетат за некој важен датум кога тој би се приближил[/pullquote_left]

7% од нив тврдат дека можат да се сетат само на својот роденден, додека родендените на пријателите и членовите на семејтвото не им се ни на крај памет.

Но, затоа 38% од нив ги знаат сите важни датуми кои се однесуваат на натпревари или останатите спортови кои им се интересни.

„Разочарувачки е да се види колку мажите се заборавени што се однесува до важните датуми, но тоа и всушност не е некое изненадување.

Да се паметат посебните датуми е проблем за сите, затоа што нашите животи се претрупани со бројни обврски. Кога истата оваа студија ја спроведеме врз жени, верувам дека резултатот не би се разликувале премногу.

Сите знаеме колки е убаво кога некој ќе се сети на некој посебен ден, затоа можеби треба да вложуваме премногу напори за да не заборавиме на луѓето кои ги сакаме најмногу“, изјавил претставникот на „Grant My Wish Appa“, компанија која го нарачала ова истражување.

РЕКЛАМИ:
Loading...