Home КУЛТУРА Кино Дебакл на новиот филм на Деми Мур

Дебакл на новиот филм на Деми Мур

SHARE

Иако филмот „LOL” во кој настапува популарната холивудска актерка Деми Мур беше најавуван како голем хит, тој на првата проекција заработил само 400 долари.

Филмот кој е снимен уште во 2010 година, дожевеа голем неуспех, откако беше прикажан во 105 разни кино сали заработил само 46.500 долари, колку што новиот филмски хит кој од петокот ќе го може да го види и македонската кино публика „Одмаздниците” (The Avengers) заработи со само едно прикажување.

Како што пресметаа американските медиуми, филмот во кој покрај Деми Мур се појавива и Мајли Сајрус, во просек заработил по 440 долари од прикажување. Имајќи предвид дека влезниците за кино претставите се во просек по 11, долари значи дека филмот по прикажување го гледале по 40 гледачи, пишува MTV.

Минатиот петок, тинејџерската сапуница на Мајли Сајрус била дистрибуирана во девет нови држави, но според сите пресметки нема да може ни одблиску да се мери со поранешните остварувања во кои се појавува Деми Мур.

„LOL” е инаку адаптација за англиското говорно подрачје на истоимен француски филм, и критичарите нагласуваат дека е многу тешко да се каже зошто филмот постигна толку слаб успех. Станува збор за приказна за тинејџерка Лола (која ја игра Сајрус), којашто се соочува со првата љубов во светот управуван од технологијата.

Брук Тарнофф, постар уредник во Next Movie вели дека е многу тешко се кажат причините за неуспехот на филмот. Според него, можеби тоа се должи на намалениот интерес на публиката за Сајрус.

Филмот го сврте вниманието врз себе во 2010 година, кога Сајрус и Грин го почнаа снимањето, но оттогаш за него многу малку се пишуваше во јавноста, сѐ до излегувањето на трајлерот во средината на април, три седмици пред првото прикажување.

Без оглед на слабиот одѕив на публиката, Сајрус се чини горда на филмот, Кир се чинеше горди на тоа. Таа на својот профил на микроблогот Твитер изминатиот викенд го минимизираше значењето на малиот број гледачи.

„Му благодарам секому што отиде да го види LOL”, напиша таа, додавајќи „Тоа е филм што сакав да го направм и јас сум горда…. Тоа е навистина сè што е важно за мене”.

Извор: Макфакс

РЕКЛАМИ:
Loading...