Home КУЛТУРА Настани Дебитантски концерт на пијанистката Христина Велјаноска

Дебитантски концерт на пијанистката Христина Велјаноска

SHARE

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде одржан рецитал на пијанистката Христина Велјаноска, кој го организира Културно-информативниот центар во рамки на циклусот дебитантски концерти „Доаѓаме…“.

Ќе бидат изведени дела од Бах, Кабалевски, Шопен, Менделсон, Прокофјев и Албениц.

Христина Велјаноска (Скопје, 1994)  е прва година на Факултетот за музичка уметност  во Скопје во класата на проф. Нина Костова-Јаневска. Учествувала и е наградувана на голем број државни и меѓународни натпревари.

Минатата година освои прва награда на Меѓународниот натпревар  „Пиетро Арџенто” во Италија и специјална награда со максимум освоени бодови на Меѓународниот натпревар во Италија – Рагуза во  2010 година.

РЕКЛАМИ:
Loading...