Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Деца, не ја слушајте Ники Минаж

Деца, не ја слушајте Ники Минаж

SHARE

Раперката смета дека нејзините песни кои содржат не така убави зборови не би требало да им се пуштаат на деца, туку само оние „фините“.

Ники Минаж во едно интервју изјавила дека „многу ја погодило кога слушнала деца како пејат „безобразна“ верзија на некоја песна“, како што е синглот „Stupid Hoe“.

„Не сакам децата да пцујат, а најмалку тоа да го научат од мене. На моите роднини и на малиот брат не им дозволувам да слушаат музика која содржи пцовки и лоши зборови“, вели Ники.

Сепак, своите рими не планира да ги укори затоа што мисли дека критичарите се многу сексистички настроени…

„Зошто тоа не го бараат од Еминем, Лил Вејн или од некој друг машки рапер“, се пожалила пладата пејачка.

Инаку, раперката на почетокот на месецот го издаде вториот студиски албум „Pink Friday: Roman Reloaded“.

А, вонземјани, бикини и боја за тело би биле најдобрите зборови кои би го опишале најновиот спот на Ники Минаж за нејзината последна Starships.

Нема многу да одолговлечуваме со објаснувања и ќе ве оставиме да го погледнете последното од рап барбиката.

РЕКЛАМИ:
Loading...