Home ♡ за деца Децата јутјубери заработуваат милиони, но што добиваат вашите деца кои ги гледаат?

Децата јутјубери заработуваат милиони, но што добиваат вашите деца кои ги гледаат?

реклама:

Анастасија немала ниту пет години кога стана Јутјуб звезда со годишна заработка од неверојатни 18 милиони долари.

Популарноста и расте секојдневно благодарение на нејзините видеа кој родителите ги постираат на Јутјуб каналот.

Девојчето има канал под називот “Настија”, и класично за денешните јутјубери, во своите видеа нема никаква едукативна содржина.

Нејзините родители ја снимаат додека шета, отвора играчки, игра во својот дом, облекува различни фустани, се шминка и слично.

Овие видеа успеваат да го привлечат вниманието на милиони деца од предшколска и раношколска возраст, иако стручните лица предупредуваат дека во овој период од животот воопшто не е препорачливо децата да проаѓаат многу време пред телевизор, а особено да не користат смартфони и таблети.

Разговаравме со некои родители кои им дозволуваат вакви содржини на своите деца.

Сите се едногласни дека видеата немаат апсолутно никаков позитивен ефект врз нивните деца, но едноставно кога ги гледаат се мирни па тие можат да завршат одредени домашни обврски.

“Поголемиот дел од децата од градинката во која оди ќерка ми ги гледаат овие интернет звезди. И дозволив вакви видеа и на мојата петгодишна ќерка, со цел да биде во тек со нејзините другарчиња. Уште по првото видео беше опседната со девојчето кое според не ги имаше најубавите фистани и играчки. По завршување на видеото, ми рече, сакам овој чичко да ми биде татко и да можам да го шминкам”, ни откри еден татко кој повеќе не ни помислува да и пушти ваква содржина на својата ќерка.

Скоро сите дечиња почнале да се поистоветуваат со овие мали ѕвезди, па по завршување на видеото родителите се соочувале со плачки и барања и тие да ги имаат истите играчки и облека.

Размислете за последиците пред да се одлучлите да им пласирате содржини од овој тип на вашите деца!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------