Home СПОРТ Ракомет Дејан Манасков успешно опериран во Хрватска

Дејан Манасков успешно опериран во Хрватска

SHARE

Според информациите од клубот, денеска наутро во специјалната болница за ортопедија „Др Немец“, во близина на Опатија (Хрватска), успешно е опериран младиот крилен играч на РК Металург, Дејан Манасков.

Според клубот, Дејан Манасков одреден период ќе се рехабилитира во Хрватска, а потоа се враќа во Скопје каде што со тек на време ќе ја санира повредата.

Да потсетиме, еден од најдобрите ракометари на македонскиот првак Металург, Дејан Манасков ја заврши сезоната на натпреварот против Силкеборг, кога ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од ракометните терени во следните шест месеци.

фото: РК Металург / спорт клуб

РЕКЛАМИ:
Loading...