Британското издание на светски познатото списание „Elle“ потврди дека Дејвид Бекам ќе се најде на насловната страна на мајското издание!
„Мајското издание низ Дејвид Бекам, познат по стилот и спортската умешност, ќе биде поддршка на Олимписките игри“, изјавиле претставници на списанието.
Дејвид изјавил дека е поласкан што всушност тој е првиот маж на насловната страна на ова списание.
„Elle е престижно списание кое е меѓународно познато“, изјавил тој.
Се чини дека успешниот спортист во текот на годините успеал да собере и по некој совет од својата сопруга Викторија Бекам која е редовна на бројни насловни страни на списанија ширум светот.
РЕКЛАМИ:
Loading...