Home INFO Ден на виното и љубовта: Свети Трифун и Свети Валентин

Ден на виното и љубовта: Свети Трифун и Свети Валентин

SHARE

На 14 февруари, според новиот календар, или први февруари, според стариот, верниците го празнуваат светиот маченик Трифун.

Истиот ден, верниците од католичка вероисповед, како незадолжителен празник, го слават Денот на Свети Валентин, но и многу други луѓе во разни земји низ светот.

Свети Трифун се смета за заштитник на полските поседи и затоа винарите го слават како свој патрон па на неговиот ден одат на лозјата, ги закројуваат лозите и ги залеваат со вино, за да му ја вратат снагата на лозјето по долгата зима и за да напредува во пролетта што доаѓа.

Одбележувањето на Денот на Свети Валентин, Валентиново или Денот на вљубените, како што уште се нарекува, најверојатно датира уште од времето на старите Римјани и се поврзува со прославувањето на денот на нивниот бог Луперциј.

Еден од обичаите на тогашните млади било испишување на имиња. Имено, во пресрет на денот на Луперциј, имињата на римските девојки биле запишувани на ливчиња хартија и биле оставани во стаклен сад, секое момче требало да извлече по едно ливче.

Девојката што ќе ја извлекло момчето станувала негова „драга“ за таа година. Подоцна тој ден бил наречен Валентиново, по римскиот свештеник Валентин.

Се до 1969 година денот на Свети Валентин се славел на 14 февруари, како спомен. Потоа, Денот е избришан од католичкиот календар, т.е. станал незадолжителен, заради намерата за намалување на бројот на спомени на светци за кои нема доволно точни податоци.

Обичај е на Денот на Свети Валентин вљубените да разменуваат честитки и подароци. Некои на тој ден на саканата личност и подаруваат цвеќе, чоколадо или излегуваат на заедничка вечера, а некои заминуват на романтично патување. Други, пак, во подарените рози, парфеми и чоколади со форма на срце, гледаат непотребен израз на сентименталност.

РЕКЛАМИ:
Loading...