Home INFO Денес е првиот зимски ден, ќе имаме прилика да видиме еден многу...

Денес е првиот зимски ден, ќе имаме прилика да видиме еден многу редок природен феномен!

реклама:G Natural

Денес во 11 часот и 2 минути,на северната хемисфера на Земјата официјално започнува зимата.

Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.

Зимата ќе трае до 20 март 2021 година во 10 часот и 37 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Денес ќе се случи и редок астрономски феномен кога двете најголеми планети во Сончевиот систем, Јупитер и Сатурн, ќе бидат во најблиско привидно приближување, на само шест лачни минути.

Привидното меѓусебно приближување на Јупитер и Сатурн првпат од 17 век ќе биде видливо од сите места на Земјата.

Овој феномен е познат како „Витлеемска ѕвезда“ или „Божиќна ѕвезда“.

Следната слична конјункција на двете планети ќе биде дури во 2080 година.

Овој феномен ќе може да се набљудува кратко по зајдисонце, доколку тоа го дозволат метеоролошките услови.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“