Home СПОРТ Кошарка Денес се играат натпреварите од 12-то коло во Првата кошаркарска лига

Денес се играат натпреварите од 12-то коло во Првата кошаркарска лига

SHARE

Во Првата македонска кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни сите четири натпревари од 12-то коло.

Дербито е во Куманово каде истоимената домашна екипа го пречекува повеќекратниот шампион тимот на Работнички. Почетокот на овој дуел е во 19 часот

Еден час порано ќе започнат другите три натпревари од оваа рунда. Двојките се: Струмица – Фени Индустри, Пелистер Спорт – Кожув и Вардар – Лирија.

Табела: Кожув 9-2 (победи-порази), Лирија 8-3, Фени Индустри 8-3, Куманово 6-5, Работнички 5-6, Струмица 5-6, Вардар 2-9 и Пелистер Спорт 1-10.

Дерби на 12-то коло: Работнички - Куманово
РЕКЛАМИ:
Loading...