Home КУЛТУРА Настани Денеска и утре реприза на „Петар Пан“ во МОБ

Денеска и утре реприза на „Петар Пан“ во МОБ

SHARE

Денеска и утре, сабота 22 март, во Македонската опера и балет ќе се одржи реприза на претставата за деца „Петар Пан“.

Претставата за денеска е закажана за 19 часот, додека таа во сабота, е предвидена како матине претстава и ќе почне во 12 часот.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ. М. Бeри (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Во репризата насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка – Игор Веланоски, Венди – Дафина Даниловска, Капетан Кука – Трајче Стојковски, Ѕвончица – Билјана Басмаџиева, Мајка – Билјана Пашариковска, Татко – Драган Кочоски, Џон – Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл – Лиле Миленковска, Тајгер Лили – Саша Евтимова, Индијански поглавица – Агим Бафтии, Нана – Стефан Кочевски, Сми – Лора Тарчуговска.

Од МОБ посетуваат дека поради градежни зафати, влезот во Македонската опера и балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.

РЕКЛАМИ:
Loading...