Home КУЛТУРА Настани Денеска за прв пат се одбележува Меѓународниот ден на џезот

Денеска за прв пат се одбележува Меѓународниот ден на џезот

SHARE

Меѓународниот ден на џезот ќе биде одбележан денеска по прв пат во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Вечерва во 19:30 часот по локално време во салата на Генералното собрание на ОН ќе започне концерт на кој ќе учествуваат Херби Хенкок, Тони Бенет, Чака Кан, Анжелик Киџо, Дајана Ривс, Ромеро Лубамбо и други познати изведувачи.

Концертот ќе се пренесува во живо на „ЈуТјуб“. Негови домаќини заедно со УНЕСКО и Институтот за џез „Телонис Минк“ ќе бидат актерите Роберт де Ниро и Мајкл Даглас.

Меѓу организаторите на концертот се генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс.

Меѓународниот ден на џезот се одбележува оваа година за прв пат по одлука на УНЕСКО, во признание за улогата на џезот како универзален јазик на слободата и креативноста.

РЕКЛАМИ:
Loading...