Home КУЛТУРА Кино Денови на македонскиот филм во општина Ѓорче Петров

Денови на македонскиот филм во општина Ѓорче Петров

SHARE

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров од денеска до 5 април ќе се одржат Денови на македонскиот филм.

Во трите вечери од манифестацијата, што ја организираат општината Ѓорче Петров и Кинотеката на Македонија, ќе бидат прикажани три македонски играно филмови кои оставија белег во националната кинематографија.

– Сите љубители на филмската уметност бесплатно ќе можат да ги проследат филмовите: „Мис Стон“ на 3 април, на 4 април е комедијата „Викенд на мртовци“, а петокот е резервиран за филмот „Тетовирање“, стои во соопштението од општината.

Манифестацијата „Денови на Македонскиот филм“ во Ѓорче Петров годинава ќе се одржи по прв пат, а во иднина ќе влезе во програмата на Центарот за култура и ќе се одржува секоја прва недела во месец април, најавуваат од општината.

РЕКЛАМИ:
Loading...