Home INFO Децата и животните: кое милениче за која возраст е?

Децата и животните: кое милениче за која возраст е?

SHARE
Фото: pixabay.com

Нема дете кое додека е мало не сака да чува милениче. За среќа додека децата се мали, не одлучуваат дали и како ќе го чуваат миленичето.

Најчесто, посакуваат да чуваат маче или куче, но понекогаш и папагал или друго домашно милениче. Најдобро е да се смисли што е најдобро според возраста на детето и домашните услови, кои не секогаш дозволуваат чување било какво милениче. Возраста е важна, пред се за одговорноста на миленичето, да се чува, да се рани, да се негува. Најдобро е до две години, да немате милениче, освен ако сте го имале претходно, па има навики како да се однесува дома, а во тој случај детето ќе треба да се прилагоди на миленичето.

Фото: pixabay.com

Папагалот не е препорачлив до трета, четврта година, затоа што во перјата има бактерија која штети на децата, а не се забележува. Колку и да се трудите да се чисти и одржува, а и глодарите имаат специфичен мирис кој тешко се отстранува, а кај глодари се мисли на морско прасе, хрчак итн. Мачето е вистинско домашно животно, кое брзо ги учи хигиенските навики и се припојува кон домаќинот. Но и мачето пред седмата година не е препорачливо, поради обврските кои ги носи и влакната кои ги остава, а можат да бидат штетни за здравјето на детето.

Кучето е верен пријател, а за него е потребен двор, но може и во стан, а со тоа се добива обврска, два – три пати дневно носење надвор за нужда. Ако и на тоа се допдаде бањање, четкање и јадење, кучето е голема обврска за едно дете, ако вие ја споделите обврската, ви препорачуваме детето да има 8 години, да биде свесно за потребите на миленичето.

Фото: pixabay.com

Ако вистински посакате да подарите било какво милениче, тогаш се препорачува аквариум со риби. Рибите се со најмала обврска, освен морските, кои сепак се поскапи и бараат повеќе внимание. Иако рибите не бараат посебни услови, потребна е посебна температура во аквариум, посебна храна и секако убаво уреден аквариум. Со рипчињата и малите деца ќе се занимаваат, а вие ќе ги одмарате очите

РЕКЛАМИ: ----------