Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Децата на Мајкл Џексон во реално шоу

Децата на Мајкл Џексон во реално шоу

SHARE

Децата на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон ќе учествуваат во сопствено реално шоу, пренесуваат американските медиуми.

Шоуто ќе го следи 16-годишниот Принц Мајкл, една година помалата Парис и 10-годишниот Бланкет, а сето тоа под будното око на сестрата на пејачот Ла Тоја Џексон (56).

Младото трие моментално е во средината на битка меѓу телевизиските мрежи кои сакаат да ги осигураат правата за шоуто. Наддавањето за проектот веќе се приближува до износот од 10 милиони долари, а фаворит е „OWN“ мрежата на легендарната телевизиска водителка Опра Винфри.

Принц Мајкл наскоро ќе го има своето актерско деби во серијата „90210“ на телевизијата „CW“, а епизодата ќе биде емитувана во мај. И Парис ќе влезе во актерските води, бидејќи таа во Лондон наскоро треба да почне да го снима својот прв филм.

РЕКЛАМИ:
Loading...