Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Децата на познатите: Филип Филиповски, син на Лила (видео)

Децата на познатите: Филип Филиповски, син на Лила (видео)

SHARE

Екстра Ексклузив неодамна започнаа на македонската јавност да им ги претставуваат децата на познатите личности од Македонија.

Тие говорат за своето детство, и за тоа какви родители се познатите.

Прва која го „скрши мразот“ беше Анастасија Петревска, ќерката на пејачот Наум Петревски.

Неодамна дознавме и малку повеќе за Александар, синот на познатиот македонски актер и шоумен, Тони Михајловски, кој досега го гледавме само во реклами.

Сега, на ред е Филип Филиповски, син на познатата водителка Лила Филиповска.

Оваа година Филип е матурант, нема трема пред камера, позитивен е, насмеан и талентиран. Синот на атрактивната водителка Лила Филиповска, Филип неодамна се појави во спотот за песната „Булки“ на Владо Јаневски, започнува прилогот за Филип.

Тој пред камерата на „Екстра Ексклузив“ откри детали за неговото детство.

– Среќно и убаво детство, затоа што сум растен со една прекрасна мајка каква што е мајка ми, Лила Филиповска. Цел живот сум со неа, сегде ме има прошетано, пола свет го видов затоа што цело време ме зема со неа. Немам трема пред камери, исто поради тоа што сум цело време околу неа, изјави Филип.

А каква мајка е Лила, како го карала својот син?. Филип вели дека таа најљубезно му се обраќала.

– Најубава, најпрекрасна и најдобра мајка што може да постои, вели тој.

Видео: Филип пред камерата на „Екстра Ексклузив“ – за неговото детство и за неговата мајка, Лила Филиповска

РЕКЛАМИ:
Loading...