Home ШОУ БИЗз Балкан Детство со зависник од коцка и алкохол: Ова е таткото на пејачката...

Детство со зависник од коцка и алкохол: Ова е таткото на пејачката Марија Шерифовиќ

реклама:G Natural

Таа го има најубавиот глас во регионот.

Денес ужива во својата популарност и богатството кое го стекнува благодарение на својот талент, но нејзиното детство не било како на повеќето.

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ, пред неколку години сними документарен филм за себе, каде за прв пат откри како изгледаше нејзиниот живот покрај алкохоличар.

Станува збор за нејзиниот татко Раја, кој физички ги малтретирал пејачката и нејзината мајка Верица Шерифовиќ.

Во едниот дел во филмот „Исповед“ се појави и таткото на Марија, Раја, кој призна дека ги изгубил ќерката и сопругата поради неговите глупости.

„Марија ништо не виде од лошиот одност меѓу мајка и и мене. Знам дека беше против тоа што го правев. Бев многу постар од Верица и бев коцкар пред таа да ми стане сопруга. Кога се роди Марија требаше да се откажам од коцката, но неможев. Секако јас сум виновен, само јас. Сега живеам сам во триста квадрати“, изјави тогаш таткото на Марија.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“