Home ШОУ БИЗз Филм Девојчето во црвениот капут: „Шиндлеровата листа ми го уништи животот“ (видео)

Девојчето во црвениот капут: „Шиндлеровата листа ми го уништи животот“ (видео)

SHARE

Оливија Дабовска имала само три години кога ја играла улогата на девојчето во црвениот капут во една од најпознатите сцени во шокантниот филм за холокаустот „Шиндлеровата листа“, а сега вели дека тоа искуство и го променило животот.

Поминаа дваесет години од филмот кој го режираше Стивен Спилберг, инспириран од Оскар Шиндлер кој спасил повеќе од илјада евреи од сигурна смрт во концентрационите логори.

Дабовска денес е студентка, а признала дека била ужасната кога прв пат го видела филмот. Тогаш имала само 11 години.

„Бев сигурна дека веќе никогаш не сакам да го видам тој филм, до крајот на животот. Ми го уништи животот“, признала Оливија за „Movies Yahoo“.

Познатиот режисер Стивен Спилберг ја советувал да не го гледа филмот се додека не наполни 18 години, но таа не го послушала, бидејќи била премногу љубопитна.

„Ми беше срам што бев во филмот и бев многу лута на моите родители кои на другите им зборуваа за мојата улога во филмот. Луѓето ми зборуваа дека тоа сигурно ми било многу важно и дека сигурно знам многу за холокаустот“, рекла Дабовска која во меѓувреме пораснала и ја сфатила својата улога во целиот филм, па нејзината лутина се претворила во гордост.

„Бев дел од нешто на кое денес сум горда“, нагласува девојката на која „Шиндлеровата листа“ дефинитивно и го променила животот и погледот на него.

Дабовска пораснала во Краков во Полска, а 23-годишната Оливија сеуште повремено глуми, надевајќи се на кариера во издавачката дејност по завршувањето на студиите.

РЕКЛАМИ:
Loading...