Home КУЛТУРА Театар Претставата „Дежа ву“ победник на ПАНФИЗ 2012

Претставата „Дежа ву“ победник на ПАНФИЗ 2012

SHARE

Претставата „Дежа ву“ во изведба на визуелниот театар на „Бодекер и Неандер“ од Берлин, Германија е добитник на Гранд при наградата на 5. јубилејно издание на Фестивалот за пантомима и физички театар „Панфиз.

За наградата одлучуваше тричлено жири во состав: Ѕвезда Анѓеловска, актерка и режисерка, Дарко Велјиќ, актер и пантомимичар и драматургот Дарко Спасов.

Фестивалот „Панфиз“ заврши во саботата со изведба на претставата „Колекционер“ на романскиот театар „М студио“.

Македонската публика на фестивалот имаше можност да ужива во пантомимите на Авнер Ајзенберг со „Исклучоци на гравитацијата“, како и во претставата „Мимови во акција“ на гостите од Аргентина.

Фестивалот беше одржан во копродукција меѓу независните театари „Страница“ и „Театар 007“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура, МНТ и Универзална сала.

Извор: Нова Македонија

РЕКЛАМИ:
Loading...