Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Џаред Лето и приватно се „соживува“ со филмската улога

Џаред Лето и приватно се „соживува“ со филмската улога

SHARE

Иако неодамна ја шокираше јавноста со својот изглед, се чини дека актерот толку се соживеал со својата улога, што ја практикува и надвор од филмскиот сет.

Џаред Лето, 40годишниот актер го привлече вниманието на јавноста со драстичната промена на имиџот за улогата во новиот филм „The Dallas Buyers Club“.

Во филмот (во кој глуми и Метју Меконахи, кој исто така си го промени имиџот), тој глуми трансексуалец. За таа цел изгуби доста килограми, но и ги издепилира веѓите, а му ги налакирале и ноктите.

Но, по се изгледа дека Џаред својот нов филмски имиџ го сфатил пресериозно: папараците го овековечиле на аеродромот во Лос Анџелес –  со црвен лак за нокти.

Изгледа дека драстичната промена на имиџот му се допаднала ептен :).

Колку добро го глуми ликот на транссексуалец во филмот „The Dallas Buyers Club“, обожавателите ќе можат да видат во 2013 година кога филмот ќе се појави во кино-салите.

РЕКЛАМИ:
Loading...