Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Џенифер Анистон прв пат по венчавката проговори за церемонијата

Џенифер Анистон прв пат по венчавката проговори за церемонијата

SHARE

Џенифер Анистон конечно реши да проговори за тајната венчавка со Џастин Теро.

Актерката изјави дека е навистина среќна и дека не било многу тешко да се скрие венчавката не само од јавноста туку и од нејзините најблиски пријатели.

„Ако се има желба, тогаш се има и начин. Никој не претпоставуваше зошто на Џастин му беше роденден и воопшто не беше тешко да се скрие веста. Тоа беше прекрасен приватен момент. Нема да ви откривам многу бидејќи деталите себично ги чувам за себе. Ќе откријам дека Елен ДеЏенерис и Џими Кимел беа неверојатни, а Сиа испеа прекрасно“, раскажува Џенифер.

Таа открива и дека се вереле пред 3 години, односно во 2012-година повторно на роденденот на Џастин.

џенифер анистон

Актерката своето прво интервју по венчавката го даде за „Good Morning America“ каде пред се зборуваше за својот нов филм „She’s Funny That Way“.

џенифер анистон

Инаку ова не е прв брак за Анистон, во 2005-та таа беше мажена за Бред Пит.

џенифер анистон

РЕКЛАМИ:
Loading...