Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Џенифер Лоренс е најдобро платената актерка во светот

Џенифер Лоренс е најдобро платената актерка во светот

SHARE

Американската актерка Џенифер Лоренс е најдобро платената актерка во светот. Таа во последните 12 месеци заработила околу 52 милиони долари без данок, според листата која во четвртокот ја објави „Форбс“.

Лоренс, која во 2013 година освои Оскар за улогата во филмот „Silver Linings Playbook“, заработила 18 милиони долари повеќе од лани и тоа благодарение на последното продолжение на „Hunger Games“, филм кој се појави на крајот на 2014 година, а заработи 752 милиони долари.

25-годишната актерка е една од ретките кои имаат главни улога во низа успешни филмови.

На годишната листа на „Форбс“ зад Џенифер е Скарлет Јохансон која заработила 35,5 милиони долари, главно благодарение на филмот „Одмазници“, втор по заработка во 2015 година во САД, а во светот заработи 1,4 милиијарди долари.

Мелиса Мекарти е на третото место со заработка од 23 милиони долари, кои во последната година ги заработила главно глумејќи во комедии како „Tammy“ и „Spy“, филмови кои заедно заработија 335 милиони долари.

мелиса мекарти

РЕКЛАМИ:
Loading...