Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Џенифер Лоренс по трет пат падна на црвениот тепих (видео)

Џенифер Лоренс по трет пат падна на црвениот тепих (видео)

SHARE

Таа е позната Холивудска ѕвезда која „паѓа на секој чекор“, па повторно се сопна пред бројните камери. Скалите едноставно не ја сакаат.

Симпатичната Џенифер Лоренс прв пат падна додека одеше кон сцената за да го прими нејзиниот прв Оскар, во 2013 година.

Џенифер тогаш носеше волшебен фустан од модната куќа Диор, но спојката на долгиот фустан, потпетиците, возбудувањето и скалите го направија своето, а таа падна и на фотографите им овозможи фотографии кои се појавија во сите таблоиди.

Ниту следните доделување на Оскар не беше подобро за Џенифер, што се однесува до гравитацијата.

Кога подигна рака да поздрави некој, се сопна од тесниот црвен фустан и потклекна потпирајќи се на асистентите.

Последното паѓање се случи вчера во Мадрид, каде Џенифер се појави на премиерата на филмот „Hunger Games: Mockingjay Part 2“ облечена во долг црн фустан сопотпис на Ралф Лорен.

И овој пати виновни беа скалите, на кои убавата актерка повторно падна.

Погледнете: