Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Џерард Батлер ја „фати“ Рита Ора

Џерард Батлер ја „фати“ Рита Ора

SHARE

Британската пејачка Рита Ора (25) би можела да биде новата избраничка на холивудскиот срцекршач Џерард Батлер (46), пренесува американскиот таблоид „Us Weekly“.

Имено, атрактивната пејачка и актерот кон крајот на јануари минале ноќ заедно во еден хотел со четири ѕвезди во Холивуд, на што претходела „романтична вечера“ во еден ексклузивен ресторан во западен Холивуд.

Шкотскиот актер ја однел 21-година помладата пејачка на раскошна романтична вечера, а потоа двајцата прегрнати се упатиле кон хотелот, раскажал добро информиран извор за „Us Weekly“.

Ова би можело да биде уште еден доказ дека згодниот Батлер ја раскинал врската со Морган Браун, дизајнерка на ентериер со која се гледаше речиси две години.

РЕКЛАМИ:
Loading...