Home INFO Дневна доза мотивација: Ако не сте среќни, до вас е!

Дневна доза мотивација: Ако не сте среќни, до вас е!

SHARE

Ова е една прекрасна приказна која го тера човек да се замисли. Што ни е потребно за среќа? Кој или што не прави среќни?

Еден човек стар 92 години, со добро држење и горд, кој секое утро во осум часот бил целосно облечен, со модерна фризура, совршено избричен, иако е сосема слеп, се вселил во дом за стари лица. Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала и затоа се преселил во домот за стари лица.

После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена.

Додека одел кон лифтот, лицето за нега на старците му опишало како изгледа неговата соба.
“Ми се допаѓа”, му рекол со ентузијазам и без да ја види собата.
“Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку” рекло лицето вработено во домот.
“Тоа нема никаква врска со ова”, одговорил старецот, додавајќи:

“Среќата е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли…Веќе одлучив дека ми се допаѓа.

Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се пробудам.Јас имам избор:можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат.

Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги одложил.

Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле. Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените”

РЕКЛАМИ: ----------