Home ЗАБАВА Луд Свет Добила на лото, а по пет месеци се сетила дека купила ливче

Добила на лото, а по пет месеци се сетила дека купила ливче

SHARE

На лотарија во САД си добила 23 милиони долари, а парите  се сетила да ги подигне дури после пет месеци.

Среќната добитничка на џек потот, доколку и после пет поминати месеци не се сетала да ја подигне наградата, ќе ги изгубела сите пари, бидејќи за точно 25 дена, од денот на подигнување истекувал рокот за земање на парите, пренесува „ABC News“.

Добитната комбинација е извлечена на 28 мај, а листот кој добитничката го купила имал пет добитни броеви.

За среќа, продавачот Бен Сади се сетил на кого го продал лото листето и поставил фотографија на влезот од неговата продавница која ја направил со помош на снимка од безбедносната камера, надевајќи се дека среќната добитничка ќе дојде повторно тука и ќе се „сети“ дека треба да си подигне 23 милиони долари.

Бен овој чекор го направил бидејќи неговата продавница ќе земе 115.000 долари, поради тоа што тука е продаден добитниот лото лист.

Фотографијата сепак не ја видела добитничката, туку нејзината ќерка која одма и се јавила на мобилниот телефон на својата мајка за да го најде листето и да го провери.

Откако го пронашла во колата, добитничката се сетила дека од тој ден е милионерка.

Интересно нели? 🙂

РЕКЛАМИ:
Loading...