Home ЗАБАВА Занимливости Добила на лото два пати во ист ден

Добила на лото два пати во ист ден

SHARE

Една жена во Вирџинија успеала во еден ден да купи две добитни ливчиња на кои напишала идентични броеви.

Оваа необична одлука и донесе 2 милиони долари, по 1 милион за секое ливче.

Вирџинија Фајк од Вирџинија, ги купила ливчињата на 7 април и набрзо открила дека на двете ливчиња ги имало добитните броеви кои ги напишала – 5, 13, 17, 20, 30.

„Искрено мислам дека сеуште не ми е јасно што се случи. И понатаму мислам дека ова е сон и само чекам некој да ме штипне и се да исчезне“, изјавила Вирџинија за локалниот весник.

Вирџинија по грешка купила две ливчиња од иста наградна игра, но сепак се одлучила да ја игра истата комбинација на броеви два пати.

„Мислев, ако победам, ќе победам два пати“, додала таа.

РЕКЛАМИ:
Loading...