Home INFO Добро е да се знае: Што да сторите доколку ве зафати пороен...

Добро е да се знае: Што да сторите доколку ве зафати пороен дожд или поплава?

реклама:hotel PREMIER

Матеролозите предвидуваат поројни дождови и невреме, а на места и локални поплави, па добро е д знаете како да постапите доколку некогаш ве затекне ваква непријатна ситуација

Најбитно е да останете смирени и без паника.

1. Исклучете ја струјата. Струја и вода се многу опасна комбинација. Особено доколку сте во стара зграда со стара инсталација. Носете свеќи.

2. Доколку ве зафати поплава, добро е да имате стап со себе, па со него ќе опипате колку е длабока водата, дали има дупки и дали е безбедно за движење.

3. Колата не ви е пријател, не се потпирајте и не се качувајте на покривите на колите.

4. Не ги заборавајте животните. Пуштете ги од синџири, добитокот од оглавот во шталите.

5. Носете гумени чизми, или балетанки доколку немате чизми. Тешките обувки што ќе се наполнат со вода и ќе ве влечат кон дното.

6. Доколку случајно се напиете контаминирана вода од поплавите веднаш испирете ја устата со флаширана вода и одете на лекар. Поплавите носат зарази.

7. Најдете објекти што ќе ви помогнат да останете пловни над водата. Гумени чамци, гуми за пливање…

8. Доколку гледате дека не можете безбедно да пристапите за да помогнете некому, повикајте итни служби.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------