Home INFO Додека биле во брак, Џенифер Анистон го изневерила Бред Пит со колега...

Додека биле во брак, Џенифер Анистон го изневерила Бред Пит со колега од серијата „Пријатели“!?

SHARE

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон во периодов е актуелна со наводно зачестените контакти со нејзиниот некогашен споруг Бред Пит.

Анистон е дел од култната хумористична серија „Пријатели“ која и денес со задоволство ја гледаат многу генерации, а обожавателите на серијата ги изненади признанието на таткото на актерот Мет ЛеБланк.

– Мојот син за време на снимањето на „Пријатели“ беше во врска со Џенифер Анистон, изјавил Пол ЛеБланк, таткото на Мет за списанието „Star“.

– Се бакнувале во гардеробите. Тој ми рече дека тоа било кога таа била во брак со Бред Пит, раскажал Пол чиј син во време на наводната афера со Џенифер беше во брак со Мелиса МекНајт.

Џенифер тогаш експресно преку нејзиниот портпарол ја демантираше приказната.

– Тоа е лага. Џенифер никогаш не била во романтична или сексуална врска со Мет ЛеБланк, стои во соопштението кое таа го испратила до медиумите.

Со оглед на тоа што Мат и неговиот татко не комуницираат веќе со години, можно е постариот ЛеБланк целата оваа приказна да ја има измислено за да го привлече вниманието.

РЕКЛАМИ:
Loading...