Home КУЛТУРА Настани „Дон Кихот“ во МОБ

„Дон Кихот“ во МОБ

SHARE

Балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ на Лудвиг Минкус вечерва, во 20 часот, ќе биде изведена на сцената на МОБ.

Претставата е во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, а диригент на претставите ќе биде Бисера Чадловска.

Во улогата на Китри ќе настапи првенката Александра Мијалкова, а на репризата в петок – Марија Кичевска. Во улогата на Базил ќе настапи Васил Чичијашвили од Грузија, а Дмитро Чеботар од Украина на петочната изведба. Настапуваат комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Својата светска премиера балетската претстава „Дон Кихот“ ја доживува во 1869 година во театарот „Баљшој“ во Москва. Првпат на македонската сцена е изведена во 1972 година.

РЕКЛАМИ:
Loading...