Home ШОУ БИЗз Балкан Драгана Мирковиќ за малку ќе загинеше од диско топка

Драгана Мирковиќ за малку ќе загинеше од диско топка

SHARE

Снимањето на новогодишната програма на ТВ Хепи, Драгана Мирковиќ за малку ќе ја чинело живот, и тоа буквално!

Десетина секунди откако пејачката се симнала од сцената, од таванот на студиото се откачила голема диско топка и паднала на местото на кое стоела Драгана.

– Фала му на Господ, сите што бевме на сцена сме здрави и живи. Никој не е повреден. Беше застрашувачко кога падна топката, баш на местото на кое стоев неколку секунди пред тоа. За моја среќа, се тргнав затоа што ми сметаше еден рефлектор. Мојата среќа и интуиција ме спасија. Верувам дека металната конструкција која ја држела топката попуштила, друго објаснување немам, раскажала Драгана, која после шокот, откако си дошла при себе, продолжила со снимање. 

РЕКЛАМИ:
Loading...