Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Драма пред кралската свадбата – таткото на невестата во тешка здравствена состојба?

Драма пред кралската свадбата – таткото на невестата во тешка здравствена состојба?

SHARE

Ќе дојде или не? На само три дена до свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, таткото на невестата е причина за иритации. Фановите на кралското семејство имаат разбирање за двојката.

Нов пресврт во драмата со таткото на Меган Маркл пред свадбата. Тој наводно поради денешната операција на срцето нема да присуствува на венчањето в сабота, 19 мај.

Медиумите јавуваат дека таткото на Меган доживеал срцев удар и морало да му биде ставен стент. Томас Маркл живее повлечено во мексиканското гратче Розарито и во САД. Тој пред два дена предизвика скандал со тоа што откажа свое присуство на свадбата. Како причина наведе дека не сака да ги доведе во непријатност ќерката и кралското семејство. Тоа беше негова реакција на обвинувањата дека местел свои папараци-фотографии за пари.