Home ЗАБАВА Tv + Reality Драма во Survivor – Ава во солзи!

Драма во Survivor – Ава во солзи!

SHARE

Ава има двојна причина за незадоволство, а тоа ја натера и да заплака. Ава се вратила од потрагата по тајниот имунитет истата вечер, но племето заборавило дека се враќа веднаш.

Ава ја дочекала празна чинија затоа што сите останати изеле се. Таа неможела да поверува дека не и оставиле ништо за јадење, па ги замолила да и зготват ориз. Таа е тажна и разочарана затоа што толку брзо ја заборавиле.

Во малата борба на распоред е квиз за тоа колку меѓусебно кандидатите се познаваат. На прашањето кој најмногу мириса во племето, одговорот бил Себастијан, а на прашањето на кој најмногу му недостига секс, точниот одговор бил Кристина. Кој е најголемиот нарцис во племето, точниот одговор бил Владо.

Кој дошол во шоуто за да си ја спаси кариерата? Мартина искрено одговорила дека тоа е таа. Кој лажно се преставува за да им се додворува на гледачите, одговорот бил Алекс.

Ава се расплакала затоа што дознала дека поголемиот број од племето ќе гласаат за неа и дека е загрозена. Исто така и е жал што не знае да игра игри и смета дека луѓето се неправедни. Не престанува да плаче…

РЕКЛАМИ:
Loading...