Home СПОРТ Фудбал Драмата по која Колумбија го обезбеди првото СП по 16 години

Драмата по која Колумбија го обезбеди првото СП по 16 години

SHARE

Репрезентацијата на Колумбија од синоќа е еден од 14. селекции кои досега обезбедија пласман на Светското првенство во Бразил, но до него стигна на исклучително драматичен начин.

Во дуелот со Чиле на домашен терен, Колумбија по првите 45 минути имаше негативa од 0:3 благодарение на голот од пенал на Видал и двата на Алексис Санчез.

Гостите доминираа се до 66. минута кога црвен картон доби Кармона и Чиле остана со фудбалер помалку.

Само три минути подоцна Гутиерез намали на 1:3, а Фалкао со два гола и донесе реми на Колумбија и бод кој ја носи на Мундијалот.

За ова репрезентација, тоа ќе биде прв настап на Светските првенства по она во Франција во 1998 година.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...