Home INFO Дупла среќа за оскаровката Хилари Свонк (видео)

Дупла среќа за оскаровката Хилари Свонк (видео)

реклама:hotel PREMIER

Популарната актерка Хилари Свонк, во гостување во емисијата „Добро утро Америка“ открила дека наскоро влегува во една нова, сосема непозната етапа од нејзиниот живот.

„Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е тоа дека ќе станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци“, рекла Хилари Свонк и додала дека е пресреќна поради тоа.

Четириесет и седум годишната Хилари со години зборува дека посакува да стане мајка и дека мајчинството за неа е многу важно.

Актерката и идна мајка, веќе четири години е во брак со Филип Шнајдер.

Среќната вест актерката ја објави и на својот Инстаграм профил.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------