Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Душко Тошиќ со закани за скандалозни признанија, Карлеуша брутално му возврати

Душко Тошиќ со закани за скандалозни признанија, Карлеуша брутално му возврати

реклама:G Natural

Никако да стивнат скандалите и препукувањата меѓу сеуште сопружниците Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ.

Поп дивата Јелена Карлеуша се огласи по објавата на нејзиниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ, кој реагираше по текстот во Телеграф и тоа за прв пат на ваков начин.

Имено, Тошиќ најпрво го објави текст во кој се наоѓа пораката која Јелена ја разменила со неговиот адвокат, а од која јасно се гледа дека таа итно бара развод.

Тој не застана тука, изјави дека „гледа многу лаги од другата страна“, а најави и своја верзија на приказната за која, како што тврди, ќе пишуваат медиумите уште долго.

– Бидејќи гледам многу лаги од другата страна … 4 години не го рекламирав приватниот живот, затоа што мислам дека сум над секоја ситуација, но се си има свои граници, мојата толеранција полека доаѓа до крај, па наскоро детално ќе ја дадам мојата верзија, но се плашам дека медиумите ќе треба да се занимаваат со тоа во следните две години.

Недолго по објавувањето, Јелена сподели совја приказна и реагираше на тоа, велејќи:

– Додека спијам со моите деца во соба, „другата страна“ (како што ме нарекува) пишува приказни од приватна забава. Сигурно е навистина луда забава кога заборави дека вчера му даде „ексклузив“ на новинар кој напиша дека е геј и дека го тепаат на сплавови, кој со години го клеветеше семејството … Кога е во прашање оваа закана до медиумите што ја напиша, морам да кажам дека континуирано со години трпам закани од ваков вид, следење, прислушување, уцени, навреди, физички напади итн. Би сакала да ја замолам „другата страна“, иако овде има само една НАША и тажна страна, наместо дополнително да не клеветат во медиумите (нели имаше доволно клевети за 3 животи) конечно да одговори на предлозите за спогодбен развод за кој чекам 5 години. Тоа е сè што треба да направи наместо јавно да ѝ се заканува на мајката на неговите деца, која милион пати застанала за него и позади него.

Карлеуша изјавила дека морала да реагира на „извртувањето на вистината“. Таа објави преписка со адвокатот на Душко во која пишува:

– Добро попладне, имаме ли нови информации на тема развод? Дали направи план со Душко? Нема повеќе причина за губење време и чекање. Сакам што поскоро да се реши разводот бидејќи Душко 10 дена излегува од дома за да „работи“ како што вели, „работи“ во ноќни клубови и со жени со лоша репутација, што е крајно опасно за мене како јавна личност…. Сакам што побрзо да ги одвојам децата и мене од таа лоша приказна, неговото пиење, излегување и сл. Сè додека не се создаде поголем проблем. Децата се под постојан стрес и не сакам да продолжам. Дали постои план? – му напишала ЈК, како што пишува таа, на адвокатот на Душко, на што тој одговорил:

– Јелена, има основен план, но морам да потврдам со Душко, кога ќе се врати од Истанбул, па ќе стапам во контакт со колешката со конкретен предлог – ѝ напишал адвокатот.

Карлеуша го продолжи разговорот и инсистираше процесот да се забрза.

– Разбирам, но се мора да се забрза бидејќи не сакам животот да се сведе на чекање Душко да … – е дел од пораката, но останатото не се гледа.

Инаку, како што може да се види од прилогот, преписката е од 23.05.2022 година во 9:46 часот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------