Home ЗАБАВА Видео Една година се откажала од шминка, шишање и депилирање

Една година се откажала од шминка, шишање и депилирање

SHARE

Индустријата за убавина е силна и се повеќе присутна, но една мајка се одлучила на вистински експеримент.

Многу од ѕвездите не излегуваат надвор од нивниот дом доколку немаат барем малку шминка на лицето, затоа што сакаат да се покажат во своето најдобро издание.

Една мајка од Бруклин се одлучила за еден експеримент.

Фиби Бејкер Хајд на една година се откажала од шминкање, шишање и депилирање и шопинг!

„Чувствував дека треба да најдам начин добро да се чувствувам. Ништо од тоа што ставав на лицето и телото не ми ја подогна самодовербата“, вели Фиби, а пренесува CBS.

На оваа промена ја натерало раѓањето на нејзината ќерка затоа што сакала да биде во состојба да застане со неа пред огледало и да и рече дека заедно изгледаат одлично и покрај тоа што таа е потполно „несредена“.

Својата промена ја следела една година и ја претворила во книгата „The Beauty Experiment“ во кој детално објаснува од се она што се откажала: маскара, лак за коса, сјај за усни, пудра…

Сопругот цело време ја поддржувал, но воделе некоку интересни дебати околу депилирањето.

Откако експериментот завршил, таа повторно почнала да користи гроздова маст за усните и хидратантна крема.

Фиби не смета дека сите жени би требало да престанат да носат шминка, но признава дека најмногу и недостасувал коректорот за подочници.

„Ова сум јас и ако на некого тоа не му е доволно, можеби не сум јас таа која има проблем“, додала Фиби.

Од позитивната страна, за година дена заштедила над 1.000 долари.

РЕКЛАМИ:
Loading...